„Битола Шекспир фестивал“ завршува со претставата „Без Лир“ на рускиот театар „Поколенија“

Од:

Театарот „Поколенија“ од Санкт Петербург, Русија ќе го затвори второто издание на „Битола Шекспир фестивал“ кое вечерва завршува во овој град.

Театарската претстава „Без Лир“ ја постави Данила Корогодски, мотивирана е од делото на Вилијам Шекспир „Крал Лир“, и ќе биде изведена на новата „Мала Сцена“ на НУ Народен театар-Битола, но доколку постои интерес претставата ќе биде одиграна и на 29 јули, потврдуваат организаторите на меѓународниот „Битола Шекспир фестивал“.

– Пред 26 години, Данила Корогодски во Битола беше дел од тимот што ја постави театарската претстава „Малограѓанска свадба“ и која постигна големи успеси во Македонија, на сцените во поранешна Југославија, во Ташкент денешен Узбекистан и во Москва. Токму после 26 години, Данила Корогодски е повторно во Битола, истакна Валентин Светозарев, директор на НУ Народен театар-Битола.

Театарот „Поколенија“ од Санкт Петерсбург не е државен театар, основач на театарот е Зинови Корогодски, татко на Данило Корогодски кој имал желба да го постави и игра главниот лик, кралот Лир, но неговата прерана смрт ги попречила сите планови, беше посочено на прес конференција во пресрет на вечерашната театарска изведба.

– Идејата за оваа претстава датира од пред девет години и истата ја постави мојот татко, но неговата смрт беше единствената причина тоа да не се оствари. Во амбинет кога театарот и јас останавме без татко, одлучивме наместо „Крал Лир“ на претставата да и дадеме друг наслов – „Без Лир“, за да воочиме како е да се живее без татко, односно без Лир. За оваа идеја „виновен“ е Шекспир бидејќи неговите дела немаат дно, истакна Данило Корогодски на средба со новинарите.

Второто издание на „Битола Шекспир фестивал“ кое и оваа година се одржува под покровителство на Министерството за култура и со поддршка на локалната самоуправа, беше посветено на 450 годишнината од раѓањето на Вилијам Шекспир и во негова чест понуди програма која рамноправно ја споделија театри од Македонија и од светот.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

„Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка

Битолскиот театар со „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивал во Полска

Премиера на комедијата „Жени во црвено“ во Македонија