БИМАС 2014 ги награди авторите на Мобилна галерија

Од:

Биеналето на македонска архитектура БИМАС 2014 додели Специјална награда на архитектите автори: Дејан Ивановски – диа и Филип Јовановски – диа, со соработниците Георги Јовановски – дги, Димитра Јовановска – диа и Ивана Васева, куратор за објектот Монтажна галерија „Центар за современи уметности“ (CAC) Специјалната награда на БИМАС како врвно признание кое се доделува во Македонија од областа на архитектурата објектот на Мобилната монтажна галерија ја доби заради поагресивните влијанија кои овој објект ги врши на другите формални центри на општеството.

Во образложението за наградата се вели: „Идејата за постоењето на паралелните светови која провејува низ ова биенале сигурно наоѓа поткрепа токму во овој концептуален објект – монтажна галерија како единствено можно прибежиште на современата уметност и архитектура настрана од се поагресивните влијанија на другите формални центри на општеството.

Објектот de facto е скок во „друга, паралелна димензија“, но таа е тука и е присутна и доследно ја пренесува пораката дека само идејата може да е голема или мала а не и физичките објекти.

Дизајнот за галеријата на Центарот за современи уметности овозможува флексибилни и повеќенаменски просторни модификации кои заедно со примената на ефикасни и ефтини конструктивни и монтажни решенија максимално ја исполнуваат замислата за подвижна галерија која има за цел да отвори нови алтернативни простори за уметничката и креативната мисла и да ја динамизира улогата на јавниот простори како место за средба на различните социјални заедници„ Наградата ја додели седумчленото жири на БИМАС 2014 во состав: Мишко Ралев, диа, претседател на комисијата, Огнен Марина, диа, Владимир Петровски, диа, Методи Хаџи Андов, диа, Лиљана Николовска, диа, Филип Дубровски, диа, Зоран Петровски, историчар на уметност. Изработката на Мобилната/Монтажна галерија на Центарот за современи уметности е поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој го реализира Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Локацијата на галеријата е овозможена со поддршка на општина Центар.

Би можело да ве интересира

На „Браќа Манаки“ преставени кинематограферите Јошио Китагава, Азамат Дулатов и Јошико Такано

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Македонска филхармонија гостува во Дубровник

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Победничката на UpBeat – Best New Talent Award на фестивалот Звукот на Скопје

Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки од ИФФК „Браќа Манаки“

Предраг Петровиќ