„Бела ноќ“ на Широк сокак во Битола

Од:

Битолското културно лето продолжува со традиционалната манифестација „Бела ноќ на Широк Сокак“ која годинава ќе се одржи по четврт пат.

Од Општина Битола информираат дека ѕвезда на вечерта ќе биде Том Нови, светски познат ди-џеј и продуцент од Германија, а на Широк Сокак ќе настапат и други ди-џеи од градот и државата.

sirok-sokak-vo-belo-2

– Годинава во манифестацијата „Бела ноќ на Широк Сокак“ вклучени се 10 кафе барови, а гостите ќе ги забавува Том Нови, светски познатиот ди-џеј и продуцент од Германија. За загревање на атмосферата ќе се погрижат ди-џеите „Боца“, Андреј Гошев и легендарниот „Ацика“ кој што воедно ќе стави крај на својата кариера, посочуваат од Општина Битола.

Манифестацијата „Бела ноќ на Широк Сокак“ е забавно-музички настан на кој во изминатите години гостуваа Кирил Џајковски, Дејвид Моралес и Хернан Катанео.

Битолското културно лето „БитФест“ ќе заврши на 29 август.

Би можело да ве интересира

Татко од Битола секојдневно си ги тепал и ги малтретирал децата

Битолчанец киднапирал 24-годишна жена и ја тепал

„Бела ноќ“ во Скопје

Битола по теркот на светските џез сцени: Национален Џез Оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато со изведби посветени на Реј Браун

Предраг Петровиќ

Поголем дел од Битола без вода за пиење

Катерина Ѓуровски

Пет „Ер трактори“ и еден канадер ќе интервенираат на пожарот во Битола