Балканска турнеја на мјузиклот „Тајно моја“ и две хуманитарни изведби на МОВ

Од:

Мјузиклот „Тајно моја“ посветен на Тоше Проески во октомври ќе биде изведен во неколку држави од поранешна Југославија.

Закажани се изведби во арените во Белград, Загреб и Љубљана, а на претставите како специјални гости најавени се Тони Цетински, Антонија Шола, Нина Бадриќ, Јелена Томашевиќ, Аки Рахимовски и Самуел Лукас, пејачи со кои Тоше соработуваше во текот на неговата кариера.

Мјузиклот „Тајно моја“ е дел и од програмата на годинашните „Мајски оперски вечери“ на 16 и 17 мај, а во чест на Тоше Проески и на неговата хуманост, вкупниот приход од продадените билети за двете претстави ќе биде дониран за лекувањето на 13-годишниот Гоце Марковски од Битола кој што боледува од тумор на мозокот. Во фоајето на МОБ исто така ќе бидат поставени и донациски кутии каде што посетителите ќе можат да донираат дополнителни средства за Гоце.

– Со овој чекор, Македонската опера и балет ја продолжува мисијата што беше идеја-водилка на Тоше во текот на целиот негов живот, и продолжува да го слави споменот на него, се вели во денешното соопштение.

Мјузиклот „Тајно моја“ го постави Македонската опера и балет во копродукција со фондацијата „Тоше Проески“ во чест на најголемата македонска музичка ѕвезда Тоше Проески, на десетгодишнината од неговата прерана и трагична смрт.

„Тајно моја“ ја следи приказната на модерните македонски „Ромео и Јулија“. Другарството, пакоста, алчноста, осаменоста, желбата за успех, стравот, а најмногу надежта и љубовта се теми кои провејуваат во ова музичко-сценско дело базирано на голем број музички хитови на Проески, збогатени во нови оркестарски аранжмани.

Би можело да ве интересира

Музички спектакл на четири млади актерки во Јавна соба – „Girls night“

Ана Ололовска

„Дијана“ повторно на Бродвеј оваа зима

Ана Ололовска

Бродвејскиот мјузикл „Убавицата и Ѕверот“ утре премиерно ќе се одигра на школка во Градски парк

Ана Ололовска

Бродвејскиот мјузикл „Ени Јуниор“ предновогодишно во Филхармонија

Ана Ололовска

Премиера на првиот македонски филмски мјузикл „Црно-Бело“

Ана Ололовска

Музиката и танцот со сите проблеми и предизвици во првиот македонски мјузикл „Црно и бело“

Ана Ололовска