Балетот на МОБ со „Либертанго“ гостува во Битола

Од:

Македонската опера и балет (МОБ) вечер ќе гостува во НУ Центар за култура – Битола каде пред домашната публика ќе ја изведе балетската претстава „Либертанго“ од Астор Пјацола.

Кореографијата е на Сабрина Боско од Италија, режисер е Наташа Поплавска, а сценографијата и костимографијата се на Александар Ношпал.

Од Центарот за култура информираат дека ќе настапат балетските уметници Александра Мијалкова, Васил Чичијашвили од Грузија, Мими Поп Алексова Атанасовска, Игор Веланоски, Наташа Јосифовска, Саша Евтимова, Ендру Кук од Англија, Јан Кисилев, Мирослав Митрашиновиќ, Марко Здравковски, Драган Кочоски и цел балетски ансамбл на Македонската опера и балет.

Би можело да ве интересира

Двојна изведба на балетската претстава „Дамата со камелии“ од Џузепе Верди вечер и на 2 ноември

Операта „Набуко“ од Џузепе Верди во Национална опера и балет

Гала балетски концерт со најубавите балетски дела на 26 јуни

Балетската претстава „Ана Каренина“ од Петар Илич Чајковски повторно на сцената на НОБ

„Џез-оркестарот“ доби простор под Националната опера и балет, Костадиновска-Стојчевска побара да запрат протестите

Горан Наумовски

Величествената опера „Аида“ од Верди на отворено под ѕвездите