„Бајка” онлајн во Кавадарци

Од:

Во Кавадарци синоќа се одржа културниот настан „Бајка”. Можеше да го следи секој, зашто согласно КОВИД протоколите се пренесуваше онлајн.

-Проектот „Бајка” е наменет за сите луѓе, без било какви ограничувања. Како група локални културни сакаме да понудиме светло, уметнички инсталации, музика и игра на еден запуштен простор. Да и дадеме можност на публиката за една невообичаена едукација во класичната музика, преку визуелни ефекти и видео уметност, вели уметницата и координатор на проектот, Симона Манчева.

Во проектот беа вклучени и музичарот Билјана Камчева – флејта, како и Веца Ќимов како програмски асистент. За камера и монтажа беше задолжен Диме Стаменов, за светло и монтажа Виктор Ќимов, додека за звук и монтажа, Ристе Димитров.

Во реализацијата на проектот поддржан од Министерството за култура и копродуциран со ПАРАГОН, учествуваа КСП Подиум Јадро и АТМА СМОНГ Кавадарци.

Би можело да ве интересира

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ продолжува во Прилеп

Предраг Петровиќ