Анимираниот филм на Владимир Лукаш во трка за награда на Сараево филм фестивал

Од:

Анимираниот филм „Девојката што паѓа“ на македонскиот автор Владимир Лукаш е избран во официјалната конкуренција за награди во програмата на кратки филмови на годинешниов Сараево филм фестивал.. Ова ќе биде интернационална премиера на дебитантскиот филм на Лукаш, во продукција на „FlipBook“.

Аниматори се Жарко Иванов и Владимир Лукаш, сценариото е на Иван Шопов, монтажата е на Владимир Лукаш, Жарко Иванов и Крсте Господиновски, звукот го работеше Милан Симовски, автор на музиката е Владимир Лукаш.

„Девојката што паѓа“ трае десетина минути, изработен е во катаут стоп анимација, а инспириран е од истоимениот славен расказ на Дино Буцати.

Во конкуренцијата за награди на 22 – то издание на Сараевскиот филмски фестивал кој се одржува од 12 до 20 август, се уште девет филмови од Романија, Унгарија, Хрватска, Србија, Грција и Турција.

Би можело да ве интересира

„Кајмак“ претставен на Сараевскиот филмски фестивал

Предраг Петровиќ