Американска премиера на „Јон Вардар против галаксијата“ во Мајами

Од:

Анимираниот филм „Јон Вардар против галаксијата“ во режија и сценарио на Гоце Цветановски, влезе во официјалната селекција на Miami Science Fiction Film Festival, еден од водечките американски фестивали посветени на научната фантастика.

Фестивалот, кој со години привлекува врвни автори и продуценти од целиот свет, е препознатлив по својот фокус на иновативни, визионерски и авторски филмски дела. Во претходните изданија меѓу специјалните гости се најде и Џорџ Р.Р. Мартин, авторот на романите врз кои е базирана глобалната хит ТВ серија Игра на Тронови.

Со селекцијата во Мајами, филмот го продолжува својот успешен фестивалски пат и дополнително ја зацврстува позицијата на македонската анимација на светската сцена. Светската премиера ја имаше во Ситџес, Шпанија, еден од најголемите жанровски фестивали во светот, а досега беше прикажан на повеќе од 40 меѓународни фестивали, каде што освои шест награди.

„Среќен сум што преку овој филм не само што и‘ дадовме на Македонија прво долгометражно анимирано остварување, туку успеавме и да ја ставиме нашата земја на светската мапа на научната фантастика. Нашата национална кинематографија бележи период на невиден подем на светско ниво, и среќен сум што сум дел од оваа мала културна револуција.“ – изјави Цветановски.

Би можело да ве интересира

„Јон Вардар против Галаксијата“ со почесна награда за визуелна имагинација во Кина

Премиера на „Јон Вардар“ во Африка и Португалија

„Јон Вардар“ со награда во Њу Делхи

Јон Вардар против Галаксијата награден за најдобар анимиран филм во Романија

Јон Вардар со премиери во Кина, Германија и Романија

„Јон Вардар против Галаксијата“ на Цветановски со азиска премиера во Манила