Војска која тешко може да се победи

Од:

Репортерски запис од градот Славјанск во источна Украина

– Да, со нас се борат рамо до рамо и моите поранешни соборци, ветерани на авганистанската војна, доброволци од Германија, Белорусија, Русија и уште некои други земји, да не ги наведувам сега…

Така почна разговорот со Вјачеслав Пономарјов, самопрогласен градоначалник на Славјанск. Во кабинетот на градското собрание во кое се всели, на сите страни се расфрлани разни хартии, во врска со раководењето со градот кој е во воена состојба.
Покрај неговата крем фотеља стоеше чешка збројовка со калибар 9 мм, додуша во футрола, но на дофат на раката.

Пред канцеларијата неколку момци, кои одамна го поминале цветот на младоста. Ходниците беа полни со бункери од вреќи со песок, барикади со пушкарници подготвени за одбрана во секоја канцеларија, на секој спрат. Влезот во зградата е комбинација на исто така изграден бункер, со лавиринт од вреќи со песок. Пушкарниците, жичаните огради и бариерите тешко можат да се заземат без употреба на сериозна сила. Неколку сериозни момци во фармерки и со панцири на себе стојат и проверуваат кој приоѓа и кој смее, а кој не смее да влезе. Рачните ракетни фрлачи им се на дофат на рацете, а на појасот секој има пиштол макаров, а незаобиколните калашникови ги држат во рака. По легитимирањето на пасошите на кои на кирилица пишува Република Србија, острите погледи ги заменија со полесна атмосфера и прашања за тоа што се случува во Србија и колку се страшни поплавите таму?

Во моментот додека излегувавме надвор и се упатувавме кон поранешното седиште на украинската тајна служба СБУ во Славјанск, од исток се слушна звук на борби со тешко оружје. Момците кои стоеја на влезот на зградата не дадоа значење на тоа, смао нивните радио станици почнаа да одекнуваат со команди и извештаи од теренот. Доаѓаме до поранешната зграда на СБУ која сега е седиште на военото крило на бунтот во областа Доњецк. Тука седи познатиот Стрелков, кој е командант на сите вооружени формации на самопрогласената Народна Република Доњецк.

– Младите се во првите редови, а постарите ги чуваат барикадите по градот и тука – ми рече новинар од руската ТВ Ѕвезда, кој со мене го чекаше Стрелков. Додека стоевме потпрени на бетонот пред барикадите, а нашите пасоши и документи беа кај секретарот на Стрелков, еден по друг на околу 40 минути доаѓаа автомобили од кои излегуваа момчиња од 22 до 27-28 години. Сите во рацете имаа некои кеси и речиси сите имаа цигара во устата. Млади, силни, без грам сало. Како што доаѓаше групата, ги постројуваа покрај ѕид, веднаш до нас.

По неколку минути им пријде човек во стара маскирна униформа на руската војска, со сандали на нозете, без опасач и раскопчана кошула. Имаше 50-55 години. – Момци, ова не е шега. Размислете дали сакате со нас или не. Само пред некој ден на еден пункт од 24 момци кои го бранеа, 11 останаа живи. Опасно е и тешко. Ако и понатаму сакате, ајде со мене внатре, да се задолжите со опрема и оружје, а ако не, ви посакувам се најдобро.

Ниту еден не се сврте и не замина или да праша било што. Ги фрлија цигарите и молкум во група влегоа низ бетонската барикада следејќи го седокосиот.

Предолгото чекање на невообичаената мајска жега го олесни една продавница која е веднаш тука зад аголот преку патот на барикадите на влезот во СБУ. Како и повеќето и оваа продавница работи и во неа има се што ви треба, од леб и млеко до чоколади, колачи, месо. Јас појдов по шише вода, а и да се разладам малку под нивниот еркондишен кој постојано работеше.

По една минута по мене влезе еден од војниците на армијата во основање на Доњецката народна република. Имаше околу 30 години. Понизок, во униформа, без кошула, само во маскирна маица без ракави, внатре во панталоните. На нозете имаше војнички чизми, а на левото рамо пушкомитралез РПК, целосно несразмерен со висината на тој што го носеше. Го пуштив пред себе тој да купи прво што сака, бидејќи ми беше пријатно да се задржам малку повеќе внатре на 20 степени. Продавницата е полна со храна, колачи, разни грицки, а тој во рацете има само сина пара од пет гривни. 40 гривни. Очите му се застаклија пред витрините со колачи, далеку поскапи од парите што ги имаше во рака. Погледот потоа му отиде десно, каде стоеја кифлички. Парче бајато тесто не поголемо од 50 грама и кое чинеше исто 50 гривни. Зема една и ја однесе на каса да ја плати.

Гледајќи го тој млад човек кој секој ден се соочува со можноста да не доживее утре и неговиот невин детски израз на лицето, не можев а да не го застанам и да му ја тргнам раката од цврсто стиснатите пет гривни. – Тоа е на моја сметка – реков и му ја покажав витрината со колачите.

Му беше непријатно и на мое инсистирање зеде пет колачи за себе и своите другари и сите заедно со слатката кифла ги држеше во левата рака, додека ми ја пружи десната да ми се заблагодари – Благодарам, многу ви благодарам.

Од него изби радост и среќа, а за момент изгледаше како дете кое сте го израдувале со играчка по која копнее со месеци. Така и на овој млад човек со пушкомитралез на рамото, му се појави насмевка на лицето. Дури и кога излегуваше изгледаше скромно. Мене тогаш ми падна тешко да помислам дека тој не се бори за пари, кражби или криминал, туку за идеали. Таква војска тешко може да се порази.

А Стрелков тој ден немаше време за нас. Чекањето продолжува.

Политика – Белград

Би можело да ве интересира

Украина користи балистички ракети со долг дострел кои тајно ѝ биле обезбедени од САД

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

Во рускиот напад на регионот Черкаси повредени се шест лица

Стејт департментот официјално ја потврди тајната испорака на ракети со долг дострел на Украина

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Руските војници ја уништија работилницата на украинската армија за производство на беспилотни летала