Пукање близу Белата куќа, еден маж е убиен

Од:

Полицијата во Вашингтон соопшти дека еден маж е убиен во пукање што се случи рано утринава на само неколку блока од Белата куќа.

Во соопштението се наведува дека набргу по пријавувањето на пукањето, мажот бил пренесен во блиската болница, каде што била констатирана смрт, пренесува американскиот ТВ канал Фокс 5.

– Инцидентот се случил утрото на неколку блокови од Белата куќа на улицата К. Полицијата на местото на инцидентот пристигнала околу 5 часот по локално време. Таму имало возрасен човек во несвест, не дишел, се работи за убиство – се додава во соопштението.

Полицијата трага по осомничениот напаѓач, висок околу 1,9 метри, облечен во црна пуфер палто и сиви панталони.

Би можело да ве интересира

Вработени во Белата куќа се отпуштени поради марихуана

Ана Ололовска

По забелешките на Трамп, Белата куќа се подготвува за намалување на финансиите за СЗО

А1он