Пaбло Ескобар и неговиот картел важи за најбогатиот криминалец во историјата. Се смета дека бил “тежок“ цели 30 милијарди долари во периодот додека бил на чело на злогласниот картел Меделин.
Ескобар заработувал и по 60 милиони долари на ден од шверцот на кокаин, а не му било проблем да ги троши брзо и парите со оглед дека бил познат дека купувал се и сешто. Само на ластици за врзување на парите за складирање, трожел по 2500 долари месечно.
Картелот држел дури 90 проценти од нарко пазарот во САД и дури 80 проценти од пазарот на кокаин.
Интересен е податокот дека годишно губел по две милијарди долари поради тоа што глувци му ги гризеле скриените пари или поради поплавување на складиштата каде се носеле парите.