Турски борбени авиони денеска бомбардираа позиции на курдски бунтовници во Северен Ирак, објави електронското издание на турскиот весник „Сабах“.
Десет воени авиони „Ф-16“ околу 11 часот полетаа од турската воена база во Дијарбекир бомбардирајќи позиции на Курдската работничка партија (ПКК) во планината Кандил, во реоните Зап и Хакурк.
Нападите врз цели на ПКК во Северен Ирак доаѓаат во момент, кога Турција води преговори со курдскиот лидер Абдула Оџалан за разоружување на ПКК.
ПКК се бори за автономија на југоисточниот дел на Турција од 1984.