Локалeн лидер на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АФД) е повреден во напад од неколку лица во германскиот град Бремен.
Полицијата соопшти дека веруваат оти нападот врз Франк Магниц, пратеник во Бундестагот и лидер на партискиот огранок на АФД во Бремен е политички мотивиран.
Нападот се случи синоќа во близина на градскиот театар.
АФД соопшти дека Магниц физички го нападнале три маскирани лица, по што тој е префрлен во болница.
Најмалата германска сојузна покраина Бремен ќе одржи регионални избори на 26 мај, истиот ден кога се закажани и изборите за Европскиот парламент.