ВМРО-ДПМНЕ: Власта не бира начин како да го земе и последниот денар од џебот на граѓаните

Од:

„Единствено со заминување на СДСМ од власт граѓаните може да се надеваат на прогрес и просперитет. Во спротивно годинава не очекува уште поголема сиромаштија и крах на сите полиња.

Власта им ја честиташе новата година на граѓаните со поголеми даноци. Оваа година двојно повеќе на име персонален данок на доход ќе плаќаат земјоделиците, младите и просперитетни кадри кои се занимаваат со програмирање, 50% повисок данок ќе плаќаат граѓаните кои изнајмуваат стан или дуќан, лицата кои остваруваат доход од капитал и граѓаните кои играат игри на среќа.

Катастрофална година ги очекува и пазарџиите, кои ќе мора да плаќаат поскапи тезги, а власта удри и по сиромашните пензионери и вработените кои имаат помали плати па за да остварат нормална живеачка продаваат на пазар, право кое сега им се крати.

И додека не бираат начин како да го земат последниот денар од џебот на граѓаните, продолжуваат рапидно да не задолжуваат.

Граѓаните видоа дека СДСМ не знае да ја води државата, партијата е целосно неспособна и само ги влече граѓаните во пропаст. Епидемијата со морбили е уште еден доказ за тоа. Првин со нивната лицемерна политика за печалење на политички поени го предизвикаа антивакцина-бранот, за сега да зборуваат сосема спротивно од она кога политички профитираа врз грбот на граѓаните.

Катастрофите мора да завршат. Црнилата не смеат да бидат наше секојдневие. За Македонија мора да изгрее зората“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се исплашени од Божиновска, затоа што почна да открива каков се криминал правеле во РЕК Битола, ЕСМ и МЕПСО

Филипче: Мицкоски има обврска пред граѓаните и пратениците да го каже планот за евроинтеграцијата на Македонија

Предраг Петровиќ

ДУИ: Економијата на државата тоне

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски