Индија: Најмалку 11 лица загинаа поради изборите

Од:

Најмалку 11 лица загинаа во судирите меѓу полицијата и племенските групи, кои се противат на локалните избори, што во моментов се оддржуваат во индиската држава Асам.

-Ситуацијата е многу критична. До сега се пријавени 11 мртви и најмалку шестмина повредени – изјави полицискиот функционер, Бхупен Бора.

Бора додаде дека девет лица се убиени кога полицијата отвори оган, откако две племиња, кои се противат на оддржувањето на изборите, почнале да ги палат селата и да ги напаѓаат официјалните претставници на владата.

Североистокот на Индија со децении е поприште на недозрабирања меѓу етничките и сепаратистичките групи, иако некои бунтовници неодамна почнаа мировни преговори со владата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати