ВИДЕО: Најголемиот божикен настан во регионот, и оваа година е во Македонија

Од:

Недела, 6-ти јануари, од 11 часот, Македонија ќе биде домаќин на најголемиот божикен настан во регионот, на кој се очекува учество на околу 10 илјади деца од целата земја.

Во Скопје, на плоштадот пред Црквата Св.Димитриј, ќе се одржува голема божикна манифестација со божикен концерт и божикна претстава на кои што ќе им претходи топол дочек на коледарчињата преку Камениот мост со бесплатни Бадникови чајчиња и колачиња за секое дете.

За божикниот концерт ќе бидат задолжени: Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Викторија Лоба, Тамара Тодевска, Некст Тајм, Димитар Андоновски, Љубојна и Златно Славејче, а за божикната претстава со наслов „Најдобриот подарок за Божик“ – ненадминливите Снежана Коневски – Руси, Дејан Лилиќ и креативниот центар Тинтири Минтири.

Манифестацијата пред Св.Димитриј завршува во 12 часот, по што присутните деца ќе бидат поканети да ја оформат најголемата Бадникова поворка во Македонија, и со песна да се упатат кон Соборниот храм каде што пред специјално поставена голема Божикна пештера, ќе бидат дарувани и со Божикни пакетчиња.

Во исто време, Бадникови поворки на радоста, во кои децата на свечен начин ќе го најавуваат Христовото Раѓање, ќе се одржуваат во уште 34 градови и населени места низ земјата, и тоа: Битола, Охрид, Прилеп, Струга, Тетово, Крушево, Ресен, Кичево, Радовиш, Велес, Штип, Струмица, Гевгелија, Валандово, Кавадарци, Куманово, Гостивар, Пробиштип, Свети Николе, Кривогаштани, Демир Капија, Неготино, Богданци, Вратница, Виница, Кочани, Делчево, Дебар, Ростуше, Велгошти, Брвеница, Беловиште, Старо село и Рогачево.

ПРАЗНУВАМЕ, СЕ РАДУВАМЕ! – е мотото на овогодишната манифестација на која се ќе биде бесплатно за сите, со надеж дека радоста и топлината на Бадник и Божик ќе ја почувствува секое детско срце.

Организатор на целокупната манифестација е Здружението „Бадникови поворки“ кое постои веќе 3 години, а традицијата на организирање Бадникови поворки е возобновена од 2011 година, најпрво само во Битола и Охрид, за потоа постепено да се прошири и во останатите градови и населени места во земјава.

Градови во кои оваа традиција се одржува повеќе од пет години се Битола, Охрид, Прилеп, Струга, Скопје, Тетово, Крушево, Ресен, Кичево, Радовиш.

Би можело да ве интересира

Обичаи за вториот ден од Божиќ: Заблагодарете се на Богородица

А1он

Познати личности кои слават Божиќ на 7 јануари

А1он

Мицкоски во Божиќната честитка: Раѓањето на синот Божји ја симболизира надежта за подобро утре

А1он

Ковачевски со честитка за Божиќ: Раѓањето Христово е симбол за нов почеток, за нови можности што носат добро за сите!

А1он

Православните христијани го слават Христовото раѓање

А1он

Централно одбележување на Бадник пред Соборниот храм, Јанковски и Тановски годинашни кум и здравичар