Со жилет го сече телото за да ја пие сопствената крв

Од:

Едно 23-годишно момче од Турција со жилет ги сече сопствените раце, гради и стомак за да ја излие крвта во чашка и да ја испие, а тамошните лекари објаснуваат дека пациентот страда од „вампиризам“, пушува „Дејли Меил“.

Тој наводно станал толку зависен што крвта му треба колку и кислородот, а освен од сопственото тело, момчето го наговорил својот татко да му набавува крв од банките за крв.

Дури и полицијата неколку пати го уапсила за напад на луѓе откако неколкумина ги изгризал и прободел со нож за да дојде до крв.

Лекарите додаваат дека тој страда од сериозно нарушување, од подвоена личност и губење на помнењето, а поради конзумирање на крв често има и напади. Овој Турчин инаку е првиот човек кој страда од вампиризам.

Момчето почнало да пие крв откако бил сведок на убиството на пријателот, а набрзо потоа му починала четиригодишна ќерка и му го убиле вујкото.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски