Во Брисел денеска ќе се одржи состанок на Советот на Европската унија за економски и финансиски прашања (ЕКОФИН), на која ќе бидат разгледани неколку регулативи за економско менаџирање на еврозоната.
Министрите за финансии на земјите-членки на ЕУ ќе ги разгледуваат Заклучоците на Советот за годишниот преглед на економскиот раст и Извештајот за механизмот за рано предупредување за 2013 година.
Покрај ова, учесниците на средбата ќе разговараат и за Предлог-буџетот на Унијата за 2014 година, како и за Препораките за ослободување на Европската комисија од одговорност за извршување на Буџетот за 2011 година.
Министрите за финансии од ЕУ ќе ги разгледаат и документите за претстојна средба со нивните колеги и со гувернерите на централните банки на државите од Г-50, што ќе се одржи во петок и сабота во Москва.