ВМРО-ДПМНЕ: Власта им ја честита Новата година на граѓаните со голем број на нови давачки

Од:

„СДСМ вчера ги зацрни граѓаните. Наместо 500 евра плата за граѓаните, власта изгласа покачување на платите на Радмила Шекеринска, Кочо Анѓушев, Оливер Спасовски, Бујар Османи и Хазби Лика.

Нема 100.000 денари плата за лекарите, но има заменици на директорите во сите јавни претпријатија во државата, кои само за плати ќе ја чинат државата над 2 милиони евра годишно.

Нема поврат на 15% ДДВ кај граѓаните, но затоа има повисоки даноци за ИТ инженерите, земјоделците, луѓето кои играат игри на среќа, граѓаните кои остваруваат доход од издавање под кирија на станбен или деловен објект, лицата кои имаат приход од капитална добивка и други.

Нема нов Клинички центар, но има поскап паркинг за лекарите.

Власта им ја честита Новата година на граѓаните со голем број на нови давачки, со стагнација на економијата и системот во глобала.

Црнилата кои ги предизвика власта во изминатиот период не смеат да продолжат и во иднина. СДСМ мора да си замине. За Македонија мора да изгрее зората“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се исплашени од Божиновска, затоа што почна да открива каков се криминал правеле во РЕК Битола, ЕСМ и МЕПСО

Филипче: Мицкоски има обврска пред граѓаните и пратениците да го каже планот за евроинтеграцијата на Македонија

Предраг Петровиќ

ДУИ: Економијата на државата тоне

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски