Романците ја одбележаа годишнината од бунтот против Чаушеску

Од:

Неколку илјади Романци синоќа учествуваа на протесна прошетка низ улиците на Букурешт, одбележувајќи ја на тој начин годишнината од почетокот на бунтот против последниот романски комунистчки лидер Николае Чаушеску во 1989 година.

Демонстрантите носеа романски занмиња и свеќи и скандираа „Не сакаме да не управуваат крадци“ и пароли против владејачката Социјалдемократска партија. Тие повикаа на „повеќе демократија“ и побараа од романската Влада да се откаже од плановите за амнестија на лица осудени за корупција.

За време на протестnата прошетка, насловена „22 декември – Нашата револуција“, деmонстрантите на кусо застанаа на Унверзитетскиот плоштад, каде со минута молчење им оддаоа почит на над 1.100-те загинати за време на бунтот во 1989 година.

Бунтот против режимот во Романија почна на 22 декември 1989 година и заврши со уривањето на власт на тогашниот лидер Чаушеску, кој по краток судиски процес беше ликвидиран три дена подоцна, заедно со неговата сопруга Елена.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски