На аеродромот во Штутгарт значително се зајакнати безбедносните мерки, соопшти денеска портпаролот на полицијата, несакајќи да ги коментира наводите на медиумите дека на аеродромот биле забележани „осомничени исламисти“.
– Не можам ниту да ги потврдам, ниту да ги демантирам наводите на медиумите, изјави портпаролот на полицијата во Штутгарт. Тој дополни дека за случајот, штудгартската полиција ги известила сите поголеми аеродроми во земјата.
Локалните медиуми објавија дека на аеродромот се забележани лица кои се однесувале сомнително.