Невада стана првата американска држава, во чие законодавно собрание има повеќе жени од мажи.
Овој сооднос беше утврден вчера откако демократките Рошел Нгуен и Беатрис Дуран пополнија две слободни места во Долниот дом.
Во двата дома жените заземаат 32 од 63 места – девет во Горниот дом со вкупно 21 место и 23 во Долниот дом во кој има 42 места.
Центарот за американски жени и политика на Универзитетот Рутгерс соопшти дека досега во ниту едно Законодавно собрание на некоја американска држава жените не биле мнозинство.