Во турскиот град Бурса се гради „зелена“ џамија, што ќе користи сончева и енергија на ветрот за производство на струја, соопштува грчкиот весник „Зунгла“, повикувајќи се на информација на сајтот „Екоњуз“.
Џамијата ќе биде готова во 2015 година.
Според архитектот на проектот, Челик Еренгезгин, „зелената“ џамија ќе биде зачеток и на други слични иницијативи.
Според проектот, на врвот на џамијата ќе биде поставен фотоволтен панел, а на минарето ќе има генератор на ветер. Зградата ќе има и систем за собирање и чување вода, што ќе се користи од верниците.
По изградбата на молитвениот дом архитектот Еренгезгин планира да ја искористи и енергијата што ќе се произведува од притисокот на верниците врз подот.
Мерењеата покажуваат дека џамијата ќе може да произведува 120 киловати. Бидејќи потребите на самата џамија нема да бидат повеќе од 50 киловати, останатата струја ќе се продава. Доколку 80 џамии бидат прилагодени за производство на струја од обновливи извори на енергија, ќе можат да обезбедат мрежа со 400 мегавата.
Директорот на енергетскиот регулатор во Турција, Хасан Кокташ, изјави дека приватни училишта, универзитети и спортски објекти пројавуваат интерес за производство на „зелена енергија“ за задоволување на своите енергетски потреби.