ВИДЕО: Нацртале паркинг место, го однеле автомобилот и и наплатиле казна

Од:

Една израелска студентка се нашла во големи проблеми, иако автомобилот го паркирала на место дозволено за тоа. „Пајак“ и го однел автомобилот и добила казна за паркирање на место резервирано за лица со инвалидитет. Студентката се жалела, но никој не и верувал, се додека не е откриена снмиката од надзорна камера во улицата.

Снимката ги открива работниците од градската служба на Тел Авив како отпосле околу автомобилот цртаат линии за паркинг место и инвалидски знак. А потоа, доаѓа „пајак“ и и го крева автомобилот.

Без оглед на снимката, студентката морала да плати 365 долари казна.

Но потоа студентката видеото го поставила на својата Фејсбук страница и за кусо време го споделиле повеќе од 19.000 пати, по што за случајот известила и државната телевизија.

Заменикот градоначалник на Тел Авиб Асаф Замир и се извинил за инцидентот и објаснил дека станува збор за грешка. Тој вели дека и друг пат се случувало градските работници да исцртаат паркинг место, според претходно предвиденото, иако на тоа место во моментот се наоѓал автомобил. Но тие требале да ги известат соодветните власти дека автомобилот бил паркиран легално и да не се казнува неговиот сопственик.

И градоначалникот на Тел Авиб Рон Хулдаи, исто така и напиша извинување на нејзината Фејсбук страница.

Сепак, таа рече дека и покрај извинувањата, размислува да го тужи градот.

Би можело да ве интересира

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Моника Белучи го слави 60-тиот роденден: Како изгледаше една од најубавите жени во светот низ годините

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските