ВМРО-ДПМНЕ: Фактот што Македонија нема пруга кон Бугарија е вина на СДСМ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Диме Велковски од СДСМ.

„Фактот што Македонија нема пруга кон Бугарија е главна вина на СДСМ, кои оставија празни столбови како споменик на никогаш незавршениот проект. ВМРО-ДПМНЕ за разлика од СДСМ му даде значење на коридорот 8 и започна со изградба на првата фаза на железничката линија од Куманово кон границата со Бугарија.

Изградбата на пругата Куманово – Бељаковце е проект на ВМРО-ДПМНЕ кој е започнат и доведен во напредна фаза на реализација од владата на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ само се фали со тоа што ВМРО-ДПМНЕ го направи.

Делницата на пругата од Бељаковце до границата со Бугарија е со обезбедена проектна документација од страна на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ наместо да продолжи со исто темпо да гради ги забави активностите на истата.

На полето на железничкиот транспорт и инфраструктура владата на ВМРО-ДПМНЕ набави и 150 вагони од различни типови за товарен превоз во вкупна инвестиција од 15 милиони евра, а реализираше и набавкана 6 нови патнички возови од кои 4 се дизел-моторни гарнитури и 2 електромоторни гарнитури. Оваа инвестиција беше со вкупна вредност од 25 милиони евра. Наместо тоа 2 години СДСМ нема мрднато со прст кога станува збор за железницата.

Железничката инфраструктура како и се друго во државата трпи поради неспособноста на СДСМ. Власта која ја зацрни државата во реалноста не прави ништо, токму затоа треба да си замине пред штетите што ќе и ги причинат на државата да бидат преголеми.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите незадоволни граѓани од оваа ненародна власт која ја зацрнува државата веќе две години да ни се приклучат на утрешниот протестен марш во Велес од 13 часот“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се исплашени од Божиновска, затоа што почна да открива каков се криминал правеле во РЕК Битола, ЕСМ и МЕПСО

Филипче: Мицкоски има обврска пред граѓаните и пратениците да го каже планот за евроинтеграцијата на Македонија

Предраг Петровиќ

ДУИ: Економијата на државата тоне

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски