Земјотрес со магнитуда од 5,7 степени според Рихтеровата скала вчера го потресе централно Чиле, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на Геофизичкиот институт на САД.
Во главниот град Сантјаго се тресеа згради.
Военпономорските сили соопштија дека нема опасност од цунами. Епицентарот на потресот бил на 35 километри југозападно од Валпараисо, на длабочина од 35 километри.
Нема податоци за жртви или оштетувања, додаваат агенциите.