За измените на Законот за енергетика предложени од граѓанската иницијатива „Аман“ утре ќе расправаат пратениците на седица на Собранието.
Предлогот кој со свои потписи го поддржаа повеќе од 13.000 граѓани е 26. точка од дневниот ред на седницата.
Пред тоа и законодавно-правната комисија на Собранието треба да се произнесе за предлог законот за измени на Законот за енергетика, предложен од граѓаните.
Од одлуката на пленарната седница на Собранието ќе зависи дали граѓаните можат да очекуваат враќање на евтината дневна тарифа на струјата и дали во иднина ќе плаќаат за услуги на енергетските компании од кои се откажале.