Од златна стафилокока заболени 39 бебиња во породилиште во Букурешт

Од:

Романските власти соопштија дека бројот на бебиња инфицирани од златна стафилокока, бактерија отпорна на лекови, во породилиште во Букурешт, се искачи на 39.

Ралика Александру, портпаролката на болницата „Џулешти“, која е затворена, денеска изјави дека тестовите потврдиле дека 39 бебиња се заразени со златна стафилокока, што е трипати повеќе во споредба со минатиот месец.

Романската министерка за здравство Сорина Пинтеа изјави дека во текот на неделата ќе се одлучува дали болницата ќе остане затворена. Бебињата се хоспитализирани во три други детски болници во Букурешт.

Златна стафилокока често ја има на кожата или во ноздрвите, но не предизвикува никакви симптоми. Но, бактеријата може да биде многу опасна ако продре во крвта, бидејќи ги уништува залистоците на срцето и предизвикува други здравствени проблеми.

Според микробиолозите, околу 30 проценти од луѓето се долгорочни преносители на златна стафилокока.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски