Поштар во близина на босанскиот град, Приједор, е разнесен со бомба од 25-годишниот Синиша Мајкиќ.
Напаѓачот најпрвин го пресретнал поштарот и сакал да му ја одземе чантата во која се наоѓале парите но откако поштарот дал отпор убиецот фрлил рачна бомба при што го усмртил поштарот.
Од експлозијата бил повреден и напаѓачот, кој ги собрал парите и побегнал во блиската шума. Набргу бил пронајден од полицијата и однесен во болница.