„Ќе мора напорно да работиме со цел на луѓето да им дадеме опиплива надеж“, ,изјави Андонис Самарас , новиот премиер на Грција ,по положувањето на свечената заклетва.
Лидерот на Нова демократија е 185-от премиер на Грција, и задачата му носи огромни обврски и одговорност. Должноста ја презема можеби во најтешките моменти за неговата земја.
Самарас го информираше претседател Каролос Папуљас, дека по изборите во неделата, постигнал договор за трипартиска коалиција која ќе ја поддржи неговата влада .
Самарас се сретна со досега техничкиот премиер Панајотис Пикраменос .
„Мора да ги оправдате жртвувањата што ги направи грчкиот народ“, му порачал, Пикраменос на Самарас.
Преговорите за персоналните решенија за новиот грчки парламент продолжуваат, а утре новите министри треба да положат заклетва.