Две кражби во тетовски цркви

Од:

Две нови кражби во цркви забележала тетовската полиција во изминатите денови, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Првата се случила ноќта помеѓу петокот и саботата при што засега непознати сторители насилно провалиле во црквата „Свети Атанасиј“ во селото Радиовце, пришто го искршиле стаклото од влезната врата. Потоа од длабока чинија и пластична кутија кои се наоѓале на масата во црквата одзеле околу 2.000 денари и оштетиле една икона кршејќи го скршиле стаклото од рамката. Вкупната штета се проценува на околу 4.000 денари.

Вториот настан се случил во засега неутврдено време и повторно засега непознати сторители насилно провалиле во црквата „Света Петка“ во Стенче и потоа од плик одзеле 20 евра и 3.000 денари прилози од верниците. Во овој случај материјалната штета се проценува на околу 9.000 денари.

Полицијата на двете места извршила увид и работи на откривање на идентитетот на сторителите и расчистување на овие кражби.

– Од почетокот на годината во тетовско на сличен начин е провалено во десеттина цркви и вообичаено крадците го прават тоа по празници бидејќи претпоставуваат дека тогаш во црквите има повеќе парични доброволни прилози од верниците, рече Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Од армиски центар украдени три „Хамери“, едниот е блиндиран

Уапсена е 38-годишна жена, ја фатиле при кражба во маркет во Прилеп

А1он

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Разбојник од скопската населба Илинден ограбил аптека во Ново Лисиче

МВР: Уапсен е разбојникот кој ограби обложувалница и мини-маркет во Скопје

За шест дена тројца арамии извршиле три кражби во куќи