Почнуваат подготовките за традиционалната прослава на Бадник во Скопје

Од:

Скопјани и годинава, по 27-ти пат во организација на Граѓанското здружение Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје, ќе им се радуваат на Бадникарските свечености.

Направени се сите подготовки за успешно одвивање на манифестацијата, која наиде на поддршка кај скопјани, информираат организаторите.

Во четврток, 12.12.2018 пред новинарите ќе бидат претставени Кумот и Здравичарот за Бадник 2019 (Општина Центар). Традиционално, на 23-ти, претпоследната недела во декември, од падините на Водно на скопјани ќе им биде обзнането дека се е готово за централното одбележување на Бадник, на 6 јануари на платото пред Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје.

Уште еднаш ќе бликнат радост и среќа со бадниковото гранче, нафората и голтката топла ракија, во пресрет на Бадник и во предвечерјето на најголемиот Христијански празник Божик. Кумот за Бадник 2019 со пајтон ќе замине со преодниот Ќуп, откако ќе прими благослов од поглаварот на МПЦ г.г.Стефан.

Би можело да ве интересира

Обичаи за вториот ден од Божиќ: Заблагодарете се на Богородица

А1он

Познати личности кои слават Божиќ на 7 јануари

А1он

Мицкоски во Божиќната честитка: Раѓањето на синот Божји ја симболизира надежта за подобро утре

А1он

Ковачевски со честитка за Божиќ: Раѓањето Христово е симбол за нов почеток, за нови можности што носат добро за сите!

А1он

Православните христијани го слават Христовото раѓање

А1он

Централно одбележување на Бадник пред Соборниот храм, Јанковски и Тановски годинашни кум и здравичар