• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Македонија и Западниот Балкан на денешната агенда на НАТО

by А1он05/12/2018 - 08:45170
Share0

На дневниот ред на вториот ден од состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, денеска Алијансата ќе одржи брифинг за Западниот Балкан.

Добивај вести на вибер

На министрите ќе и се придружи високата претставничка за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини. Тема на разговорите, меѓу другото, ќе биде напредокот на Македонија кон членството во НАТО, како и приближувањето на Босна и Херцеговина кон Алијансата.

Генералниот секретар Јенс Столтенберг, најави дека се очекува министрите да потврдат дека се подготвени да го започнат процесот со Сараево преку прифаќање на првата годишна национална програма.

Македонскиот министер за надворешни работи, Никол Димитров, на маргините на состанокот вчера оствари неколку билатерални средби, меѓу кои со неговите колеги колеги од Грција и Унгарија, како и со францускиот министер за надворешни работи. Димитров денеска треба да има билатерална средба со литванскиот министер, и да учествува на состанокот на Севернатлантскиот совет со земјите партнери во мисијата „Решителна поддршка“ во Авганистан.

Димитров и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, денеска треба да имаатр средба и со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

nato

Би можело да ве интересира

Крозето: НАТО треба да се обедини околу Гренланд

Горан Наумовски16/01/2026 - 13:47

Захарова: Присуството на НАТО на Арктикот е провокација

Горан Наумовски15/01/2026 - 19:25

Данска: Одбраната на Гренланд е заедничка одговорност на НАТО

Горан Наумовски15/01/2026 - 19:25

Руте за Трамп: Прави добро за НАТО, кога фалам некого, тоа се базира на факти

А1он12/01/2026 - 16:3012/01/2026 - 16:11

Таен состанок во НАТО, ќе се зајакнува военото присуство на Гренланд

Предраг Петровиќ09/01/2026 - 17:1009/01/2026 - 17:38

Руте: Европските држави подготвени за распоредување трупи во Украина доколку Москва го прекрши мирот

Горан Наумовски22/12/2025 - 11:2722/12/2025 - 11:44
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен