Алвеш: Средбата Ривер-Бока надвор од Јужна Америка е најголем срам

Од:

Дефанзивецот на ПСЖ, Даниел Алвеш ја прокоментира одлуката за преместувањето на реваншот од финалето во Копа Либертадорес помеѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс во Европа, изјавувајќи дека ова е најголемиот срам на кој бил сведок.

Мечот треба да се одигра на 9 декември на „Сантијаго Бернабеу“ во шпанскиот главен град Мадрид. Со оваа одлука Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) го казни тимот на Ривер Плата за вандализмот на неговите навивачи, кои го нападнаа автобусот со фудбалерите на Бока Јуниорс, што доведе до одлагање на натпреварот на „Монументал“ на крајот на минатата недела.

– За мене, Ривер – Бока надвор од Јужна Америка е најголемиот срам што сум го видел. Навистина сум засегнат како фудбалер, како Латиноамериканец, како човек кој смета дека овој спорт треба да се доживува со чувства, со страст и најчесто со почит. Што да кажеме за сите оние луѓе кои немаат никаква вина за тоа што се случило? Тие треба да плаќаат заради некакви простаци и силеџии. Тие имаа уникатна шанса да ги гледаат Ривер – Бока, но сега треба да одат во Европа, порача Алвеш во видео порака објавена на социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

Ботафого го освои Копа Либертадорес за првпат во историјата – Ѓоковиќ беше специјален гостин на финалето

А1он

Палмеирас ја одбрани титулата во Копа Либертадорес

Ана Ололовска

За првпат во историјата на Копа Либертадорес, полуфиналисти три клуба од иста земја

Ана Ололовска

Копа Либертадорес и Копа Судамерикана ќе имаат своја завршница

Ана Ололовска

Финалето на Купот Либертадорес префрлено од Чиле во Перу

Ана Ололовска

„Маракана“ домаќин на финалето на Копа Либертадорес следната година

Ана Ололовска