Сите учесници кои во недела ќе настапат на доделувањето на „Греми“ наградите добиле писмено предупредување во врска со облекувањето.
Според новите правила, изведувачите ќе мора да бидат пристојно облечени а откривањето на задникот, градите и гениталиите е строго забрането.
Во имејлот кој славните личности го добиле било наведено дека „ женските гради и задник мораат да бидат адекватно покриени“ и дека танга гаќичките се проблематични бидејќи гениталиите и кожата околу нив никако не смее да се гледа.
Проѕирна облека под која се гледаат брадавиците како и длабоко деколте не се пожелни, а беџови и брошеви со натписи се забранети.