ВИДЕО: Оризопроизводителите ќе добијат дополнителни пет денари за килограм предадена арпа

Од:

Дополнителна субвенција од пет денари за килограм е мерката со која Владата ќе ги мотивира оризопроизводителите да ја предадат арпата во фабриките за откуп, наместо да им стојат во амбарите, рече денеска министерот за земјоделство Љупчо Николовски на средбата со оризопроизводителите во Штип.

Тој најави дека мерката во вторник ќе биде ставена на владина седница и усвоена. Со мерката, оцени, ќе се раздвижи пазарот, а оризопроизводителите ќе можат да го продадат своето производство.

-Мерката ќе важи до 31 март 2019 година и сметаме дека со неа ќе направиме значајно раздвижување. Очекуваме 5.000 до 10.000 тони да бидат дополнително опфатени. Го прифаќаме барањето на подсекторската група и барањето на оризопроизводителите за дополнителни пет денари. Сметаме дека тоа за Владата треба да е прифатливо и излегуваме со еден позитивен аспект и позитивен однос кон целокупната оваа гранка, вели Николовски.

Тој информира дека на денешниот состанок со оризопроизводителите ќе отворат уште неколку теми: откупот на оризот кој во моментов е неорганизиран и за што Министерството има направено сериозни анализи, увозот, пестицидите, особено нивниот квалитет, континуитетот на предавање на оризовата арпа во регистрираните центри (зашто во еден момент фабриките за преработка немаат оризова арпа за преработка, па затоа и прават увоз од соседните земји).

Николовски потсети дека субвенциите за оризопроизводителите за една година се 300 отсто зголемени. Во источниот регион се очекуваат 17.000 тони оризова арпа, од кои досега се предадени само 3.000 тони.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата