Ван Ромпуј: Европа не е повеќе машина за трошење

Од:

Првпат во историјата на Европската унија имавме 24-часовен маратонски состанок и првпат имаме и кратење на идната Повеќегодишна финансиска рамка (МФФ), изјави претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј, на прес-конференцијата по Самитот на ЕУ на кој беше постигнат договор за идниот буџет на Унијата.

Ромпуј нагласи дека буџетот за периодот 2014-2020 година, што ќе изнесува 960 милијарди евра, е модерен и концентриран на најважните задачи – конкуренцијата, економскиот раст и создавањето на работни места.

– Имавме долг, но успешен 24-часовен состанок на Советот, при што е најважно дека се договоривме за идниот буџет кој е балансиран и сконцентриран на и раст и создавање нови работни места, што е ориентацијата на Европа за идната декада, истакна првиот чвоек на ЕС.

Според Ромпуј, овој договор што го постигнаа првите луѓе на земјите-членки на ЕУ претставува компромис донесен со нивна колективна одговорност. Сепак, тој потенцира дека ова што е договорено мора да пројде и во Европскиот парламент. Првиот човек на ЕС додаде дека ова не е перфектен буџет, оти нема таков, но истакна дека во него има многу за сите.

– За европската перспектива, буџетот е ориентиран кон иднината и реален, оти не можеме да ги жртвуваме инвестициите во образованието, научните истражувања и економскиот раст. Во споредба со претходниот буџет (2007-2013) има зголемување од 34 милијарди евра токму за зголемување на конкурентноста, растот и отворање на нови работни места. Има зголемување и за програмите како образовната „Еразмус за сите” и иновациската „Хоризонт 2020“. Буџетот е фокусиран и на нови инвестиции и развој на транспортот, енергетските капацитет, односно поврзување на Европа за цели 30 милијарди евра, образложи Ван Ромпуј.

Според претседателот на Европскиот совет, идниот буџет на ЕУ е модерен и донесен во согласност со „тешката реалност во Европа“, па затоа за првпат е помал во споредба со претходната седумгодишна буџетска рамка.

Ван Ромпуј посочи и дека има макроекономски сооднос меѓу она што е потребно за кохезискиот фонд и економски стабилните влади. Тој потврди и дека ќе има кратења на трошоците за европската администрација, што според информациите, ќе значи намалување на вработените за пет проценти.

– Во врска со проектот за вработување на младите, овој бџует овозможува шест милијарди евра за нови иницијативи во оваа насока. Исто така, овозможува и алокација на структурни фондови, при што внимание ќе им се посвети на земји како Грција, Португалија, Шпанија, Италија и Ирска, кои се посиромашни и тие ќе добијат повеќе од т.н. кохезиски фонд. Имаме фонд и за глобални прашања, како климатските промени, нуклеарна заштита и помош на ранливите категории на луѓе, рече Ромпуј.

Челникот на ЕС посочи дека гледајќи наназад, тој е задоволен што тешките преговори овие два дена во Брисел вродија со плод и изрази надеж дека идниот буџет ќе биде поддржан и во Европарламентот, за да биде се подготвено за негова реализација на почеток на 1 јануари 2014 година.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он