ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ целосно потфрли на инфраструктурен план

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на министерот Горан Сугарески.

„Зоран Заев и Горан Сугарески продолжуваат со лажни ветувања. Две години СДСМ немаат направено ништо на инфраструктурен план.

СДСМ целосно потфрли на инфраструктурен план. Реализацијата на капитални инвестиции за 3/4 од годината изнесува 1/4 од предвиденото. Власта доживеа фијаско и тоа е токму поради неспособноста и неработата.

Помина половина од од мандатот на СДСМ, а ништо од најавеното не е реализирано. Зоран Заев пред точно 2 години кажа дека во текот на нивниот мандат ќе бидат изградени 600 километри автопатишта, 550 километри магистрални патишта и 1.100 километри локални патишта, ништо од тоа две години не е случај.

Наместо нови инвестиции СДСМ во изминативе 2 години ја блокираше изградбата на сите проекти почнати од ВМРО-ДПМНЕ, токму поради нивната неспособност и незнаење.

Две години СДСМ нема преземено ниту еден инфраструктурен зафат. Пресот на Сугарески е само уште една фаза во лажните ветувања почнати од нивниот лидер Зоран Заев пред изборите во 2016 година. Граѓаните две години немаат видено ништо од најавениот инфраструктурен бум, туку инфраструктурен застој.

Власта не направи ништо во изминативе две години, истото продолжува и сега. Граѓаните немаат време за чекање. СДСМ мора да си замине. Државата треба да тргне напред“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се исплашени од Божиновска, затоа што почна да открива каков се криминал правеле во РЕК Битола, ЕСМ и МЕПСО

Филипче: Мицкоски има обврска пред граѓаните и пратениците да го каже планот за евроинтеграцијата на Македонија

Предраг Петровиќ

ДУИ: Економијата на државата тоне

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски