Група Турчинки побараа да биде создадена „автономна држава на жените“, објави телевизијата Си-Ен-Ен Турк.
Еден месец пред одбележувањето на Меѓународниот ден на жените – 8 Март, членки на женското здружение „Милосрдие“, поднесоа петиција во турскиот Парламент со невообичаено барање. Во неа се наведува дека од моментот на постоењето на Република Турција таа се уште е држава во која господарат мажите.
Претседателката на здружението Хајретин Булан изјави дека Турчинките сакаат да имаат своја држава, во која ќе се обезбеди заштита и мир за жените.