Тројца малолетници од тетовско осомничени за 13 тешки кражби, кражби и обиди за кражби во текот на летото

Од:

Против тројца малолетници, двајца од Тетово и еден од Озормиште, СВР Тетово поднесе кривична пријава поради основано соменение дека се сторители на 13 кривични дела од кои шест „тешки кражби“, три „тешки кражби во обид“ и четири „кражби“, информираа од тетовската полиција.

-Л.Ч.(15) и Б.М.(16), двајцата од Тетово и А.З.(17) од село Озормиште се осомничени дека во периодот од 29 јуни до 4 септември годинава со употреба на алат влегувале во верски објекти, куќи, фудбалски клуб и други објекти во Тетово. Откако ќе провалеле тие одземале пари, мобилни телефони, спортска опрема, акумулатори, машина за перење возила и украсни дрвца со што се стекнале со противправна имотна корист во висина од околу 229.600 денари, информираат од полицијата.

Би можело да ве интересира

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра

Кражба на кабел за фотоволтаици, направена е штета од 15.000 евра

А1он

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма