Приведени две лица осомничени за кражби низ Гостиварско

Од:

Полицијата лишила еден албански државјанин и еден гостиварец поради сомнение дека се сторители на тешки кражби. При претресот откриено е огнено оружје.

Во полициска станица биле приведени Р.К. (30) од Албанија и И.А. (26) од Гостивар. Според МВР, вчера попладне со судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во работилница на улица „18 Ноември“ во Гостивар, сопственост на М.Г.(68).

Притоа, во работилницата бил затекнат Р.К. за кого постои сомение за извршени повеќе кривични дела кражба и поседување огнено оружје, како и други кривични дела. При претресот биле пронајдени една автоматска пушка без рамка, една рамка за автоматска пушка со 24 куршуми калибар 7.62 мм, една рамка за пиштол со четири куршуми, еден пиштол без рамка. Меѓу пронајдените работи имало: девет мобилни телефони, две дигитални камери, осум рачни часовници, бижутерија и други предмети.

Сите пронајдени предмети биле одземени и дадени на вештачење. Р.К. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица.. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби