Промоција на редизајнираното списание „ЕтноАнтропоЗум“

Од:

Институтот за етнологија и антропологија денеска ќе го претстави редизајнираното електронско и аудио списание „ЕтноАнтропоЗум“.

Електронската верзија на списанието има нов изглед, а во еден дел и аудиосписание, со што ѝ станува достапно не само на читателската, туку и на слушателската публика.

Автор на дизајнот е Петја Димитрова од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Софија, која преку Еразмус + студентската размена за практична работа престојува неколку месеци на Институтот.

Аудиосписанието „ЕтноАнтропоЗум“ е проект во реализација на Центарот за етнолошки истражувања и применета антропологија и Институтот за етнологија и антропологија, со финансиска поддршка на Град Скопје. Досега се објавени шест броја на македонски јазик.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање