Крадец влегол во аптеката „Артемија”, во скопската населба Ново Лисиче и ја однел металната каса полна со пари.
Полицијата открила дека крадецот со метален предмет скршил еден од излозите во аптеката, влегол внатре и откако ја зел касата полна со пари, избегал во непознат правец.
Вработените во аптеката ја откриле кражбата кога дошле на работа и случајот го пријавиле во полицијата.
Полицијата работи на случајот.