Новите канцеларии на компанијата „Google“ во Тел Авив, повеќе личат на удобен хотел, отколку на работни простории.
Шарени и интерактивни, новите работни простории на „Google“ во Тел Авив, Израел, на прв поглед повеќе делуваат како да се дел од некој хотел од сништата, отколку на некој обичен канцелариски простор.
Дизајнирани од страна на „Camenzind Evolution“ во соработка со „Setter Architect“ i Studio „Yaron Tal“, новиот работен кампус на „Google“ во Тел Авив зазема седум ката со вкупна површина од 8.000 метри квадратни. Освен тоа, канцелариите на „Google“ во Еlectra Tower имаат и неверојатен поглед на градот.