Турција, Египет и Иран работа на заеднички план за нормализирање на ситуацијата во Сирија, изјави денеска турскиот претседател Абдула Ѓул на заедничката прес-конференција со египетскиот претседател Мохамед Морси.
Тој истакна дека треба да се спречи влошувањето на ситуацијата во Сирија, а пред се да се стави крај на крвопролевањето.
Ѓул нагласи дека вчера се одржала трилатерална средба на претседателите на Египет, Иран и Турција, на која отворено било дискутирано за начините „како да не и се дозволи на Сирија да се самоуништи“.
Шефот на турската држава истакна дека Саудиска Арабија исто така пројавува интерес кон перспективите за нормализирање на ситуацијата во Сирија.
Морси изрази надеж дека напорите на Египет, Иран и Турција за дејствување во Сирија ќе вродат со успех.
Тој додаде дека сега министрите за надворешни работи на трите земји ќе продолжат да разгледуваат некои аспекти и детали од планот.
Претходно денеска во обраќање на самитот на Организацијата за исламска соработка Ѓул изјави дека режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад треба да ја предаде власта.