Романските власти бараат укинување на имунитетот на претседателот на Сенатот

Од:

Романските власти денеска побараа од Сенатот да го укине имунитетот на претседателот на таа институција Калин Попеску Таричану, со цел да биде овозможена истрага за тоа дали зел мито во износ од 800 илјади долари од една австриска компанија.

Членот на Сенатот Клаудиу Манда изјавија дека обвинителите побарале од Сенатот да го укине имунитетот на Таричану, кој го заштитува од тужби.

Националниот Директорат за антикорупција потврди дека сака да истражи неименуван сенатор поради поврзаност со наводно мито, земано во периодот меѓу 2007 и 2008 година, кога Таричану беше премиер. Во соопштението се наведува дека митото било во износ од 10 проценти од вредноста на договорот и оти парите наводно се префрлени преку фиктивни офшор компании.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски