Утрово во Тузла одекнала силна експлозија во која, според првичните информации, се повредени тројца. Експлозијата во тузланската населба Џафер Махали, била предизвикана од бомба, а на активирањето му претходела расправија во која учествувале неколку мажи.
Повредените се префрлени веднаш во болница. Педесет и шестгодишниот С.Д е потешко повреден, додека Д.Р (24) и Р.М (35), се со полесни повреди.
Од обвинителството во Тузла изјавија дека постои трага за тој што ја фрлил бомбата, но не можат да дадат прецизни информации.