Честитка од министерот Адеми за наградата на танчарите со Даунов синдром

Од:

Министерот за култура Асаф Адеми денеска во Министерството за култура имаше средба со членовите на танчарската група „Денсерс јунајтед МК“ кои во Киелце, Полска, на Светското првенство во хип-хоп танци освоија прво место во паракатегорија.

Како што соопшти Министерството за култура, Адеми на средбата им го честитал високото признание и им посакал уште многу врвни резултати и нови награди преку кои успешно ќе ја промовираат културата на Република Македонија во светот.

-Грижата за еднаков пристап за поддршка во културата за сите граѓани, вклучително и за лицата со посебни потреби, е неопходна и претставува сериозна должност и обврска. Поддршката за овие амбасадори на културата ќе продолжи и во наредниот период, изјавил Адеми.

Настапот на „Денсерс јунајтед МК“ во Полска беше реализиран со поддршка на Министерството за култура. Членовите на оваа танчарска група, заедно со нивните тренери, во изминатите години оствариле голем број настапи и освоиле европски и светски медали во различни категории, а минатата година на Светското првенство во модерни танци во Копенхаген го освоија третото место.

Би можело да ве интересира

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ продолжува во Прилеп

Предраг Петровиќ