Два килограма марихуана запленета на Табановце

Од:

Мобилната царинска екипа синоќа околу 18 часот на граничниот премин Табановце откри и заплени два килограма марихуана скриена во резервната гума на бугарски автомобил „Опел Омега“,  управуван од бугарски државјанин со иницијали В.С..

Утврдено е дека осомичениот ја транспортирал дрогата од Грција, а крајната дестинација била Германија, каде истиот работи во градежна фирма, чиј сопственик е косовски државјанин.

Против сторителот, Царинската управа ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ до надлежното Јавно обвинителство, а сторителот ќе биде изведен пред надлежен истражен судија.

Како што соопшти денеска Царинската управа, возилото било селектирано за детална контрола. При контрола извршена со рачен алат за мерење на внатрешната густина на предмети „бустер”, забележана е зголемена густина во еден дел од резервното тркало сместено во багажниот простор. Поради тоа, извршена е и дополнителна контрола со царински куче кој ги потврдил сомнежите.

Гумата била исечена и во нејзината внатрешност се пронајдени две пакувања облепени со кафена самолеплива лента полни со зеленкасто кафеава материја од растително потекло.

Осомничениот и пакувањата се предадени на инспектори од Одделението за истраги заради превземање на понатамошни предистажни дејства.

По извршеното вештачење на растителната материја потврдено е дека се работи за марихуана која се добива со сушење, дробење, ситнење на врвни делови-вршунки од растението Цаннабис со вкупна нето маса од 1985 грама.

Ова е петти случај на откриен шверц на марихуана од почетокот на годината. Вкупната количина на запленета марихиуана во текот на јануари и овие неколку дена од февруари изнесува скоро половина тон.

Имени, 350 килограми беа откриени на граничниот премин Меџитлија,  15 беа пронајдени во плинска боца, на граничниот премин Табановце, додека 126 килограми се откриени во кровната конструкција на автобус, повторно на Табановце.

Би можело да ве интересира

Дрога, оружје, пари и мобилни телефони најдени при претрес кај скопјанец

А1он

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Полицијата уапси дилер во Штип, пронајдена е дрога во неговиот дом

Горан Наумовски

Приведен дилер во Тетово, пронајдена дрога

Претрес во Штип, пронајдена дрога

Предраг Петровиќ