Европскиот парламент одбива да ја жртвува иднината на ЕУ поради економската криза, тој бара земјите членки на ЕУ да не ја користат економската криза како претекст да ја осудат ЕУ на штедење до 2020 година, јавува дописникот на МИА од Стразбур.
Ова е главниот заклучок од дебатата која се водеше во Стразбур за буџетот на ЕУ за периодот 2014-2020 година.
Европратениците пред денешниот самит на ЕУ во Брисел испратија јасна порака од Стразбур: Шефовите на државите и владите треба да донесат доволно флексибилен буџет за да се соочи со непредвидените настани, со доволно средства за да се остварат ветувањата и тој треба да биде финансиран од нови извори. Притоа, европратениците потстетија дека долгорочниот буџет на ЕУ не може да биде утврден без согласност на Европскиот парламент.
Повеќе европратеници ги критикуваа владите на земјите членки на ЕУ поради нивните обиди да се намали буџетот на ЕУ и Комисијата без притоа да се грижат за последиците од тоа.
– Сите намалувања се прават на штета на новаторството, на одржливиот развојм на зголемувањето на научните испитувања и борбата против невработеноста на младите. Тоа е она што боли. Дали тоа е одговорно: Дали тоа може да се оправда? – се запраша Ребека Хармс од името на групата на Зелените.
Долгорочниот буџет на ЕУ, попознат како повеќегодишна финансиска рамка или финасиски перспективи, ги утврдува границите на трошоците на ЕУ по година и по рубрика, за целиот буџетски период. Кога ЕПарламентот и земјите членки се согласни за годишните буџети, тие трреба да ја почитуваат рамката на повеќегодишниот буџет.
Повеќе европратеници потстетија дека економската криза не треба да ја спречи ЕУ да усвои поамбициозни буџети, откако ќе биде надмината кризата.
– Ние никогаш не треба да прифатиме буџет на штедење за седум години. Ако ние го направиме тоа, тоа значи дека прифаќаме дека кризата продолжува на неограничен рок. Ние не сме толку песимисти, порача претседателот на групата на Народните партии, Жозеп Дол.
Многумина европратеници побараа поголема флексибилност, што значи дека може да се пренесуваат средства од буџетот од една во друга година или од една ставка во друга, како и можнозт за промена на буџетот на половина од седумгодишниот период.
– Предлагама една клузула на ревизија која ќе биде одобрувана по три години, за да се напредува во следните четири години, предложи претседателот на групата на либералите Ги Верхофсдат. Другите европратеници изразија загриженост околу предлозите за создавање на субстанционални разлики меѓу ангажирањата на ЕУ, односно легалните ветувања на ЕУ и исплаќањата – средствата со кои се плаќаат фактурите што се однесуваат на ветувањата.
Претседателот на ЕП, Мартин Шулц на повеќе наврати предупреди дека вака предложениот буџет води кон дефицит и тој нема да потпише таков буџет.
– Јас нема да потишам. Па, дури и ако парламентот побара да го направам тоа, јас нема да го направам тоа, бидејќи таа одлука ќе биде илегална. Договорите не обврзуваат на еден урамнотежен буџет, вели Мартин Шулц.
Европратениците јасно побараа од земјите членки на ЕУ да прекинат со ривалствата меѓу нивните министри за финансии со цел да добијат колку што е можно повисоки намалувања на нивното учество во европскиот буџет.
Европратениците сметаат дека на ЕУ и се потребни соспствени извори за буџетот, наместо директните национални контрибуции, со што ќе му се стави крај на ривалството и конкуренцијата, за што се заложи претседателот на групата на социјалистите Јоханес Свобода.
Некои пратници, како евроскептикот Мартин Калан побараа „подобар“ буџет, како околу трошоците за финансирање на функционирањето на ЕУ, при што тој го посочи правилото со кое Европскиот парламент е принуден дванаесет пати годишно да се преселува во Стразбур, иако тој е свесен дека чинењето на зградата на Парламентот е само „капка вода во океанот“, тоа би било добар почеток.
Самитот кој се одржува денеска во Брисел, според Европскиот парламент не значи дека тој е свршен чин. Потоа според европратениците, следуваат значајни преговори со СП. Односно, самитот е само почеток, а не крај на процесот, притоа се бара од Советот да ги сослуша ставовите на ЕП за флексибилност, повторно разгледување на буџетот на половина пат и изнаоѓање на сопствени средства за негово финансирање.